Wednesday, July 25, 2012

Очен Капак


 

...Незатворена веце школка. Изгореници од неколку стада овци. Измочаните прсти редат булки во нејзината коса . Магистрирала љубовта на неколку грамофонски плочи. Секоја булка со две очи, едно за него и едно за неа.
Прегратки за волкот кој не може да одолее ...

...Самрак на еден опис. Дожд во сите букви. Тече мастилото по масата. Ги валка рацете, продира под ноктите, се засолнува. Не е нечиста, само тешко се измива. Долг е патот до крајот ако одиш низ него. Ја погоди точно во средината. Стои суштинското на проќиснатиот балкон.
Комшиите го нарекуваат ерес...

... Неименувана претстава. Двајца непознати атеисти, толпа и само еден нудист. Помалку пророштва, повеќе реченици. Премолчени мисли и очекувана самотност. Нафрлани зборови како гради на дебела жена. Задоволството во кромидот е исто со пупките во усните и поцрвенетите образи. Срамот во трудот ја намалува продуктивноста на саканите. Нивната репродуција се безброј булки во една ноќ.
Вишокот кадри се само ливади на кадровска земја. ( таму се жнееле сите бои на реченицата)...