Friday, August 31, 2012

...

Таа зборува на зборовите
да пишуваат со своите очи
читајќи по рабовите
си игра со своите прсти
возејќи по лицата
околу луѓето
во играта на
две деца
напишани во трчање.



Thursday, August 30, 2012

***


Тој
што 
не знае
да сака
во
стихови

пишува многу долги реченици.


Sunday, August 26, 2012

Днб поезија

Изрецитирани чекори
по падови
од скршени вртења.
Извриен ритам
се дува
низ размонтирани балони.
Измиксан слух
се качува 
по траки
треперејќи до мене

и преку
прво
средно
и највисоко
ниво

ти 
преку прво
средно
и највисоко 
спојување

скокаат 
се додека плочите 
не изгребат 
 Мјау


Tuesday, August 14, 2012

Пред да кажам ДА


Розева : Дојди.
Црвена : Ќе дојдам.
Розева : Ќе направиш се што ќе посакам!
Црвена : Ќе направам се што ќе посакаш!

Шекерен памук : Ќе те излепам!
Јаболка : Ќе те излижам!
Шекерен памук : Се топам!
Јаболка : Се валкам!
Шекерен памук : Ќе ти остане стапот.
Јаболка : Ќе ти остане јаболката.

Балон со хелиум : Ќе си одам!
Балон : Ќе пукнам!
Балон со хелиум : Ќе издишам!
Балон : Ќе ме надуват пак!

Sunday, August 12, 2012

Ако

Тутунски танц ,неслогувано вино 
и налепници по жиците од чадорот.
Проповеднички фестивали 
со надреалистички концепт. 
На нив стои жена,
носи розеви чорапи.
Зборовите и се кријат 
во мрежата на микрофонот.
 По мирисот во ноктите 
ќе се види само блесокот
на нејзиното доцнење.

Ако
остане зборот на вчерашната кривина
ќе биде игра во завршена доба.