- „Поезијата е само збор.“
Ми рече тогаш без да ја прашам.
- „Сите зборови не можат да се напишат во една реченица. Затоа се измислени стиховите.“
Моето одење го чекаше со смирени зборови и затворени очи.
- „Луѓето не се разбираат со зборови. Сите книги се само сеќавање. Што и да кажеме се заборава.“
Не знаев што да и кажам. Молчев некое кретко време се додека имаше време. Го зедов куферот и ми натежна прашањето.
- „Добро си ?“
Ја собра мојата храброст и ме излажа.
-„Да.“
Врата од лифот се отвори.
- „Убавината е само движење.“
Тоа беа последните зборови на кои се сеќавам. Истрча пред мене, иако јас бев тој што доцнам. И двајцата знаевме дека ниеден од нас нема да остане таму. Застана под една сенка и ми мафташе се до кривината. Потоа ме снема. Таа остана под сенката.
Од тој ден многу години снема. Деновите ги минував по лифтови. Неа секогаш ја гледав под сенката. Таму стоеше кога ме испраќаше и пречекуваше. Во тие моменти не зборуваше. Беа различни сенки, тоа се различни зборови, тоа е многу.
Таа претстана да пишува некаде на средината. Не смеев да помислам на мене.
- „Поезијата е само збор.“
Ми рече тогаш без да ја прашам.
Mia Efrem
Monday, May 20, 2013
Thursday, May 16, 2013
Wednesday, April 10, 2013
Ран
(Ран)и во чекорот
Се х(ран)и
(Ран)о останало
пред незб(ран)о
(ран)деву.
(Ран)ци во модринки
Исп(ран) кабел
Од ран останал
пред од(ран)иот
У(ран).
(Ран)гиран во басот
В(ран)и закачени
од (ран)еници останале
пред ек(ран)от на една
та(ран)а.
(Ран)ери без (ран)и
(Ран)о нах(ран)ети
со исп(ран)и (ран)ци
од(ран)и ек(ран)и
по нив в(ран)и
(ран)ги(ран)и по та(ран)и
и секакви не(ран)имајковци
неразб(ран)и
трчаат
на (ран)деву
под У(ран)
на РАН.
Се х(ран)и
(Ран)о останало
пред незб(ран)о
(ран)деву.
(Ран)ци во модринки
Исп(ран) кабел
Од ран останал
пред од(ран)иот
У(ран).
(Ран)гиран во басот
В(ран)и закачени
од (ран)еници останале
пред ек(ран)от на една
та(ран)а.
(Ран)ери без (ран)и
(Ран)о нах(ран)ети
со исп(ран)и (ран)ци
од(ран)и ек(ран)и
по нив в(ран)и
(ран)ги(ран)и по та(ран)и
и секакви не(ран)имајковци
неразб(ран)и
трчаат
на (ран)деву
под У(ран)
на РАН.
Sunday, March 17, 2013
Правец
Звук на самолепливи црева.
Крева чадори на потонати луѓе.
Туѓо е своето во нејзините очи.
Злочин е да чекаш време во еден правец.
Чамец ќе ги врати сите неотпловени сидра.
Ниедна нема да признае додека трепка.
Чепкаат сонови, разбудени во молк.
Толку мисли, се колнат дека е неук.
Wednesday, March 13, 2013
Sound of return
Things are turning
returning from nothing
are cutting of reality
softly fearing bits
treated
as sound
as silence
count on lost
Things.
Tuesday, March 12, 2013
При Казна
1 Сцена
( Кармен, Грета и купишта статуи од луѓе. Собир на една смрт. Полни се рацете само на спасителот. Тој доаѓа сам и си оди со сите. Никој не се осмелува да прозбори со некој друг. Долги се само премолчените вечери. )
Кармен :Постојат само неколку луѓе по кои не може да се чекори. Тоа се замислените.Нивниот чекор е спротивен со секое движење. Нивниот чекор преставува застој.Толку се неподвижни што не можеш никако да поминеш преку нив. Толку има од тие луѓе. Таквите луѓе не размислуваат за замисленото. Самите по себе се замислени и тоа им е доволно да останат така се додека постојат.
Грета :Зошто ми даваш вакви одговори?
Кармен :Затоа што постојано ме прашуваш како можам да ги изговарам имињата на заборавените без да се сетам на нив.
Грета :Повеќе не те прашувам ништо. Напи се нешто, во нивно име, заборавено. Можеби ќе се сетиш на уште нешто пред да те прашам.
Кармен : Сето нешто го сеќавам цело време. Што и да се напијам ќе биде потик за уште едно твое прашање.
Грета :Нормално е да те прашувам кога никогаш не ми даваш целосен одговор.
Кармен : Не постои целосен одговор ниту нормалност во прашањата. Кога разградувањето на моите зборови ќе те раздвижи кон нив ќе престанеш да ме прашуваш. Во името на се што заборавив некогаш. За прекрасните вечери за кои не се трудам да ги заборавам. Секако ништо не се кажува во нив. Сето нешто се премолчува пред вистината. Забележувањето не постои во овие простории. Незнаеш колку многу ми треба воздух. Незнаат овие луѓе ништо за себе. Се движат наназад. Се задушуваат намерно. Како да живеат за останат без воздух. Се натпреваруваат во ослепување.Во многу неважни работи. На крајот, ништо не е важно.
Грета : Не живеат сите луѓе од погледи.
Кармен : Не живеат некои луѓе воопшто. Особено некои, навистина не живеат до тој степен што не се забележуваат дури ни самите себе. Ниту оние што се трудат, да преживеат.Таквите сите ги забележуваат, но за нив не зборува никој. Тие се полоши од заборавот. Затоа што не забораваат, но никогаш нема да признаат дека е важен за неживеењето. И за сите други видови на нивниот живот, кои го претвораат во неживот.
Грета :Мораш да се објасниш себеси. Имаш голема потреба од тоа. Но најважно е што нема потреба од сето тоа. Знам, нејасна е потребата но, сепак ништо не се случи за да биде нејасно.
Кармен : Понекогаш сето ти останува во следењето. Наполни ми уште една, па ќе одиме. Понекогаш сето ти останува. Понекогаш останува се, и се појавува некој, трет непознат, го собира недопреното, осудено такво да завшри во ѓубре. Тој трет, непознат, кого сите го забележуваат а никој не се осмелува да зборува за него затоа што мисли дека е најневажното битие на светот всушност ја менува судбината на сето недопрено да стане допрено од него. Тој спасува се што останува.
Грета : Може да одиме порано ?
Кармен : Порано навистина ништо не оди.
Грета : Каде гледаш ?
Кармен : Во тој што спасува се.
Грета : Убав е ?
Кармен : Сите се убави.
Грета : Убав е ?
Кармен : Нема да ти се допадне.
Грета : Тогаш не се сите убави. Пак е некој морбиден ?
Кармен : Да.Личи на моите луѓе.
Грета : И јас сум морбидна?
Кармен : Да.Сите сме.
Грета : Навистина некои луѓе не живеат од погледи. Тој те гледа?
Кармен : Тој ги гледа сите.
Грета : Кого најмногу ?
Кармен : Себе.
Грета : Може да одиме или да одам сама ?
Кармен : Ќе одиме, само сакам да знам како. Толку е нејасно. Има толку многу начини ,затоа.
Грета : Ова го слушам веќе неполн месец. Ќе се разјасни, со време. Може ?
Кармен :Може, да се дознаат работите по најлесен пат, особено тогаш кога немаш никаква можност да дознаеш.
Грета :Најлесниот пат е од онаа врата затоа што нема друг пат. И сега повеќе не те прашувам туку ти наредувам, одиме!
Кармен : Тоа е најлесен пат затоа што нема друг пат. Затоа што има само еден. Тогаш е лесен.Тежок е изборот точно. Очајот е единствен. Наредба. Мораш да одиш.
Грета : Ако те очајувам тогаш остани да гледаш , а јас одам.
Кармен :Видов, не постои очај во погледот. Иако обратно е дозволено. Тоа е една од оние работи кои се правилни и точни само во еден правец. Секое нивно останување ќе биде погрешно.
Грета :Погрешно ги употребуваш зборовите. И најмногу погрешно од се е што сеуште стојам овде со тебе. Не се сеќавам дека досега волку сме се задржиле. Ниту пак дека волку многу си тонела во работите. Одиме!
Кармен :Одењето е неопходно.
Грета :Неопходноста е сега, во овој момент.
Кармен : Во сите моменти.
Грета : Кога веќе не сме сеуште тргнале барем кажи ми како изгледа.
Кармен :Различно. Диво. Со голема рамнодушност во погледот. Чисто. Срамежливо. Строго.Надреално. Над се се наоѓа во моментов. Над сите моменти. Над неопходноста.Толку е рамна душата. Бесконечност на една рамнина.
Грета : Твој тип. Прифаќам. Можеш да останеш.
Кармен :Можеш се, кога си во движење. Секое останување значи престанување на нечие живо нешто.
Грета : Ако и тој зборува вака како тебе , подобро нека остане на поглед.
Кармен :Знае дека гледам.
Грета : Што ти кажа со погледот?
Кармен :Дека наредниот пат ќе има поголема претпазливост.
Грета :Интересно за почеток.
Кармен :Почетокот е секогаш интересен, затоа што го има она прет на пазливоста.
Грета :Доста го гледаше човекот. Сигурно му станало непријатно. Не помисли на тоа.Дека можеби, треба да одиме.
Кармен : Тој е составен од непријатности. Течат од него. Сите непријатни зборови. Никогаш нема да ми прозборе.
Грета :Оженет е ?
Кармен : Не знам. Не носи бурма.
Грета : Да не е обратен?
Кармен : Не верувам. Таквите луѓе се држат настрана од обратноста. Доволна им е несигурноста во нормалноста. Големи се шансите да молчи дури и ако јас отстапам и започнам прва.
Грета : Нем е ?
Кармен : Не.Никако. Тоа би било двојна ударна несигурност. Не верувам. Тој не верува во ништо, освен во едно. Дека тоа што го прави е единственото паметно и разумно што може да го направи. И многу се срами поради тоа. Но не гледа друг избор.Тоа е една од неговите последни стратегии.
Грета :Мислеш се плаши ?
Кармен : Не многу. Дури и не мислам воопшто на неговиот страв. Има нешто во неговото присуство овде.
Грета : Има нешто во секое присуство. Можеш да погодиш што е ?
Кармен :Ништо друго освен она што те однело таму. А тоа нешто е секогаш различно во суштина.
Грета : Во која од твоите суштини постојат зборовите „Ајде да одиме“ ?
Кармен : Во ниедна.
Грета : Не можеш да одиш. Се однесуваш како да не постоиш.
Кармен :Влажно е времето во своето непостоење.
Грета :Влажно е твоето време. Ако продолжиш вака се околу тебе ќе фати мувла.
Кармен :Толку се чувства?
Грета : Не почнувај со прашањата, ќе ни се сменат улогите. Ти треба повеќе светлина. Да излеземе од овде пред да позеленеш цела.
Кармен : Сите други луѓе не можат да чекорат. Тоа се реалните. И јас сум една од нив. Мојот хендикеп не претставува сите нас.
Грета :Зошто ми зборуваш вака ?
Кармен :Затоа што тој човек го гледаме веќе половина година и никој не се обидува да направи ништо со она што го дава неговото присуство. Не знаеме да се искористиме себеси. Кога веќе тргнуваме по тој единствен пат, не знаеме да чекориме правилно и паѓаме. Затоа не гледа сите. Затоа знае за сите нас.
Грета :Подобро да не знае за мене.
Кармен : Кога сме веќе кај тебе, зошто не јадеше?
Грета : Никогаш не јадеме на вакви места. Зошто ме прашуваш ?
Кармен : Затоа што напразно се поставуваат сите работи кои не знаеме да ги искористиме.
Грета : Сега се обрна на храната. Доволно беше. Те чекам надвор.
Кармен :Затоа што луѓето кои ја собираат неискористеноста се корисни во реалноста.Чекањето надвор нема да помогне. Морам да дознаам од каде дознава за остатоците. Неговите чекори се сигурни. Свечено е неговото пропаѓање. Има само еден начин. Да продолжам со забележувањето. Но сега од надвор. Таму ја крие својата способност.
Грета :Можеш да ми кажеш зошто реков дека е доволно? Надвор ?
Кармен : Доволно е. Си оди. Утре ќе дојде пак. Нема да ти се допадне. Не ти оди забележувањето.Да одиме.
Грета :Моето доволно се исполни. Каков е тој човек ?
Кармен :Внимателен.
Грета :Одлично. Сега внимателно влези, а јас внимателно ќе ти одговорам на нешто што ме праша внатре. Гледаш зошто не јадам, да е толку добро ќе јадеме сите. Сега ќе ја фрли овој човек сета храна затоа што е свесен дека може сите да не убие со две полни пластични ќесиња.
Кармен :Нема.
Грета : Што нема ?
Кармен : Да ја фрли.
Грета : Во право си. Ќе ја врати утре на истото место. Така не убива расипаната постојана повторливост.
Кармен : На истото место. Онаму каде што се е право и каде што никој не убива никој. Таму ќе одиме.
Грета :Доста гледаше во човекот. Доволно е. Не зборувај. Почнува вечерниот молк. Што ќе пиеме?
Sunday, March 10, 2013
Subscribe to:
Comments (Atom)
.jpg)
.jpg)


