Monday, May 20, 2013

Лифт

- „Поезијата е само збор.“
Ми рече тогаш без да ја прашам.
- „Сите зборови не можат да се напишат во една реченица. Затоа се измислени стиховите.“
Моето одење го чекаше со смирени зборови и затворени очи.
- „Луѓето не се разбираат со зборови. Сите книги се само сеќавање. Што и да кажеме се заборава.“
Не знаев што да и кажам. Молчев некое кретко време се додека имаше време. Го зедов куферот и ми натежна прашањето.
- „Добро си ?“
Ја собра мојата храброст и ме излажа.
-„Да.“
Врата од лифот се отвори.
- „Убавината е само движење.“
Тоа беа последните зборови на кои се сеќавам. Истрча пред мене, иако јас бев тој што доцнам. И двајцата знаевме дека ниеден од нас нема да остане таму. Застана под една сенка и ми мафташе се до кривината. Потоа ме снема. Таа остана под сенката.
Од тој ден многу години снема. Деновите ги минував по лифтови. Неа секогаш ја гледав под сенката. Таму стоеше кога ме испраќаше и пречекуваше. Во тие моменти не зборуваше. Беа различни сенки, тоа се различни зборови, тоа е многу.
 Таа претстана да пишува некаде на средината. Не смеев да помислам на мене.
- „Поезијата е само збор.“
Ми рече тогаш без да ја прашам.


No comments:

Post a Comment