Пречки помеѓу зборовите, во сигналот, во времето и кесето на филмските
животи. Монтирани пречки. Пречки со разглобени зглобови, цензурирани и
пречки со масовен застој на цел филм.
Има секакви : главни,
обезглавени, сонливи, ненаспани, гадни, цевчести и многу гладни.
Прегладнетите пречки секогаш се нејасни. Со нив оди гајба пиво и леген
пуканки. Во таквите филмови тие се само епизодни ликови. Неколку епизоди
наназад никому не пречат. Но, обратноста од своето секогаш пречи.
Ми
пречи и мене човекот од соседната маса што не јаде со затворена уста.
Гледам во чинијата и се обидувам да ги најдам пречките кои ми ја влечат
главата настрана. Овие пречки не спаѓаат во ниедна група, едноставни се. Да ја пресечеме оваа сцена.....................................................................
Едноставно луѓето не знаат кога се затвора а кога отвора устата. Таму завршува размената , крадењето и наметнувањето.

На црвениот килим има неколку позлатени пречки. Тревата не се гази ни со голи нозе, овде се чекори со железни копита и гумени чизми. Има долги ноќници, кратки нозе и една пречка во описот. Не е дозволено за луѓе со повеќе од пет овци. Останатото се монтира и се топи во водата каде се пери килимот.
Сепак, номинираните за непостојаност секогаш ќе трчаат на сто метри со пречки. Победникот е оној што нема да се појави, а ќе ги собори пречките. Сите тие се фаќаат за ист ланец и стојат неколку часа пред големото платно. Звукот се менува според лаежот и завивањето на продуценсткиот вук.
Има само една разлика помеѓу мене и кучето што се олесни на сценаритото. Се вика Оскар.