Friday, May 11, 2012

Виза

                                                           

Ти си минливо нешто што останува.
Ти си идеолошка состојба 
магистерски труд
претпродажна карта
искинат плакат
украдено платно.
И кога се затвора граничниот премин
знамето на нашата љубов 
ја пее химната на новиот протест.
Ќе биде ли поминување
ако на следната конференција
кажам дека мирисаш на жежок асфалт?

За некои зборови потребни се разговори
(но пред тоа треба да има говор) .


No comments:

Post a Comment