Wednesday, October 17, 2012

**_**



Ти си
премиера.
Тресењето на нозете ми стои во грло
излегуваш
пред да кажам
(одвнатре.

Sunday, October 7, 2012

Руменило

Дождот е розев
се претопува во самовила
заплетена низ крцкави гнезда
ги бара моите крилја
да ја разлета неговата насмевка,
а тој ждрига виножито
и расчешлува руменило
па се лула низ моиве очи
за на небо
да се размачка низ светки

и да се истури врз мене како дожд.



Monday, October 1, 2012

Филм

Еден филм
започнува со поглед
преку четири очи
на една сцена
се играат неколку улоги
а тие глумат
за таа што гледа
и тој што зборува.
Низ нивните тела
се спушта црвено платно
па се слушаат рацете
и нозете
и секое чукање на подот
е од нивното срце
кое диши во еден правец
на кажаните реплики
во еден здив
се собираат два живота
допирајќи го текстот
напишан во музиката
кога
завршува филмот.