Луѓето си заминуваат
после своите вселени.
Луѓето си
заминуваат.
После вселените
нема
други луѓе.
Заминуваат
вселените.
Своите луѓе
после
мене
ќе бидат заминати
вселени.
Како си заминуваат
луѓето?
Во лансирањето на
ракетите
Паѓаат
Ѕвездите
Се кршат
Се губат скоро сите
делови
остануваат само
моите.
Ти ги враќам назад
нека светат
ќе ги најдеш
изгубените работи.
Каде е твојата
вселена?
Вселената не ги
крши работите што паѓаат.
Не ги крши
работите што паѓаат.
Не ги крши
работите.
Не
Паѓаат
само моите делови
се кршат
скоро сите
останати ѕвезди
се губат
оние што ти ги
враќам назад.
Паѓаат.
Нека светат
изгубените работи.
Се губат
само моите делови.
Нека светат
само моите
не
паѓаат
скршени вселени.
Твои.
Нека светат
враќајки се назад
паѓаат.
Лансираните ракети
ќе ти донесат нови
луѓе
паднати
скршени
изгубени
нека светат
само моите
луѓе.
Лансирани
Вселени
Нема.
Каде се твоите
ракети?
Ракетата не ги
враќа
скршените
ѕвезди.
Луѓето
се одминуваат во
чадот на полетувањето.
Луѓето се
одминуваат.
Во чадот.
Остануваат
скршените ѕвезди.
Моето враќање.
Мене ќе ме нема
најмногу.
На полетувањето
останува едно
назад.
Таму се собираат
сите лансирани ѕвезди
Се собираат сите
ѕвезди.
Кога молчи
вселената
се кријат
во зборовите
што можевме да ги
кажеме
пред да се заврти
нашата планета.
Им се врти на
планетите.
Се кријат сите
сонца
во молчењето
што не можевме
да го завртиме
денот
после
како после мене.
Како после мене?
Не одминаа сите
комети.
Кога молчи
вселената?
Се сокрива
Што можевме?
Да кажеме
Пред
Се заврти денот
Им се врти на сите
Планети
Сонца
Ѕвезди
Комети
Вселени
што не можевме
во едно назад
да ги вратиме
изгубените работи.
Што не можевме?
Да го кажеме
на целиот
универзум
вртењето назад
во еден агол
експлодираат сите
рамни вселени.
Експлодираат сите
вселени.
Пред да се најдат изгубените
работи.
Мене ќе ме нема
најмногу.
На твојата орбита
ќе има само
скршени ѕвезди
прегорени сонца
и заминати комети.
Кометите си
заминуваат после своите луѓе.
Кометите си
заминуваат.
После мене
нема
други вселени.