Friday, November 16, 2012

Човекот што ја изгуби вселената 1




Кога ќе ги најдеш сите изгубени работи
мене ќе ме нема најмногу.
Ќе ме наоѓаш во скитањето на твојот поглед,
во паѓањето пред првиот сон,
во сите твои сонови
ќе ме гледаш како заминувам пред првото будење.
Ќе се разбудам еден ден до тебе,
под некое старо небо,
од оние што биле наши.
Нема други месечини.
Ни други ѕвезди.
Ни други ноќи.
Нема други.
Нема.
Нема.
Нема да ме видиш во ѕвездите на другите очи.
Јас знам како ќе живееш ти без мене.
Како кога се наоѓаат изгубените работи.
Толку ќе бидеш среќен.
Кога ќе ги најдеш сите изгубени работи?
Загубените нешта се наоѓаат во засекогаш.
Засекогаш умира кај што почнува никогаш.
Јас никогаш нема да те загубам.
Толку ќе бидеш среќен.
Нема.
Нема.
Нема да бидеш.
Среќен.
Мене ќе ме нема најмногу.
Ќе ме наоѓаш по истиот пат по кој ја носиш дома својата вселена.
Во изразот на огледалото
пред првиот израз на лицето
пред првиот
израз
ќе биде секогаш мој.
Ќе бидеш секогаш пред првото мое
и пред секое твое
изгубено
нешто ќе стои.
Нешто во кое ќе ме нема.
Нема други застанувања.
Нема други изгубени тргнувања.
Нема други
кои ќе застанат
пред тебе
без мене.
Нема без мене.
Нема.
Нема.
Нема ќе биде и месечината која последна ќе остане.
Неми ќе бидат и планетите
околу кои се вртевме
Неми се вртевме.
Се вртевме.
Нема.
Нема.
Нема други вртења
кога ќе ги најдеш сите изгубени работи.
кога ќе ги најдеш сите други вртења.
Кога ќе ги најдеш сите други планети?
Ќе ги најдеш
сите
кога изгубените работи
ќе станат други планети.
Мене ќе ме нема најмногу.
Мене ќе ме нема во секое твое многу.
Мене ќе ме нема.
Многу.
Најмногу – мене.
Јас знам како ќе живееш ти без мене.
Како секое вртење на планетите.
Како пред првиот пат.
Како мене.
Толку ќе бидеш среќен.
Како пред мене,
првиот пат
кога ја однесе вселената дома.
Како секое вртење пред мене,
Како секое мене
Толку
Колку што ќе ме нема.
Толку ќе бидеш среќен.
Толку.
Ќе бидеш среќен.
Јас знам како.
Ќе живееш ти без мене.
Некоја стара месечина
од оние што биле наши
ќе се заврти за последен пат.
За последниот пат ,
по кој ја однесе вселената дома.
По кој пат ја однесе вселената дома?
По кој пат ја однесе?
Кој пат ја однесе?
Пат ја однесе.
Ја однесе.
Вселената ја однесе.
Мене ме однесе.
Вселената.
Нема други вселени.
Нема други патишта.
Нема други домови.
Нема други.
Нема.
Нема.
Нема да ме видиш по патот на другите домови.
Јас знам како ќе живееш ти без мене.
Јас знам без мене.
Како ќе живееш ти?
Мене ќе ме нема.
Не тебе.
Засекогаш ќе нема.
Ќе нема засекогаш без мене.
Ќе заврши твоето засекогаш.
Никогаш нема да ме најдеш,
кога ќе ги најдеш изгубените работи.
нема.
Секогаш ќе бидат изгубените работи.
Нема.
Секогаш да бидат изгубени работите.
Зошто ги губиш работите?
Секогаш.
Ќе заврши.
Ќе губиш.
Ќе ме сакаш.
После секоја изгорена ѕвезда.
После секоја изгазена месечина.
После секоја завртена планета.
Ќе ме сакаш.
Најмногу.
Мене ќе ме нема.
Некогаш ќе заврши.
Во некоја вселена
ќе бидеш среќен.
Толку.
Нема.
Месечини.
Ѕвезди.
Мене.
Сакаш.
Губиш.
Заврши.
Твојот поглед.
Твојот дом.
Твојата вселена.
Каде ги изгуби работите?
Како ќе ги најдеш изгубените работи?
Пред првото скитање
Пред да паднат соновите
Пред да остари небото
Мене ќе ме нема најмногу.
Толку.
Ќе бидеш среќен.
Нема други среќи.
Нема други неба.
Нема други сонови.
Нема други.
Нема.
Нема.
Нема да ме видиш во скитањето на другите облаци
Јас знам како ќе живееш ти без мене.
Мене ќе ме нема најмногу.
Толку.

No comments:

Post a Comment