Wednesday, April 25, 2012

...



Се запознавме во стравот од водата.
Јас имам морски коњчиња по целото тело.
Ти си упорен,
од морска болест се умирало.

Една минутина режија



Во последните пет минути
ги имам неговите минути.
Јас не знам како се зборува во часови, 
а ти не знаеш да молчиш во кино.
Што ни е овој танц
кога плочите ги вртат други прсти.

Tuesday, April 24, 2012

Сценарио за сите сценарија

                                                       

Кога се пишува сценарио не се оди по пат, туку се стои на крстосница. Таму се разминуваат ликовите. Ќе премине камерманот на црвено и ќе прегази некој збор. Ќе скрши половина од ликот. Постојано верува дека никој не гледа ништо. Утрешната мисла има друго верување. 
Сите глумци на овој свет нема да бидат прегазените ликови. Ниту пак оние кои чекаат да се испразни улицата. Не се толку добри приказните, во лоши раце се потат разликите. 
Над нив демнее инспирација. Се крие неколку дена напред и крати на своите зборови. Потоа, не може да се разбере. 
Музиката лежи на тротоарот, нејзе времето ја чува. Светот пуши цигара и го јаде првутот од својата коса. Нестрпливоста во нив се искачува до петтата линија од пешачкиот премин. Што ако нивното постоење не се вклопи во овдешното непостоечко? Чекаат да се запалат рефлекторите, можеби ќе падне некоја ѕвезда.
Зад секое сценарио стои зебра. Кој друг би го јадел првутот? Режисерот, тој не јаде првут. Тој гледа виножита и размислува каде е златото. Два златника во очите на главниот лик. И љубов под б) за неколку чувства на сценаристот. 
Кога е напишано сценариото , не се минува на зелено, туку се урива семафорот. Таму ракоплескаат гледачите и настанува тишината, зошто зборовите се одамна прегазени. 

Неплатена




11 црвени рози.
Не велам јас не, само сонив трња.
Си ги изгорeв стапалата
газејки по ѕвездите.
Ми падна жал, а не требаше.
Колку повеќе смрдам, толку помалку чувствувам.
11 луѓе на смртта.
Не велам јас не, само снегот  се топи
Така долго време се смеам
кога ги бројам деновите
и ги мислам зборовите
со кои треба да се тешам.
Знам јас кој што напишал
и знам кој каде крадел
само не знам кој каде бегал.
И љубовта била простотија
огромна црна дупка, самотија
11 потонати градови
Не велам јас не,  само мислам глупости,
и убави работи, кои секако нема да се случат.