Wednesday, November 21, 2012

Човекот што ја изгуби вселената 3



Последните сили ги трошам преку тебе.
Месечините не веруваат во светкава прашина.
Месечините не веруваат.
Сакав само едно лице од твојата вселена.
Сакав само едно лице.
Сакав само едно.
Сакав.
Лице.
Твојата вселена.
Ќе ја нема најмногу.
Најмногу.
Веруваат.
Требаше да заврши
да ме има
да бидам лице во сите изгубени работи.
Некоја светлина ќе ме затемни за да те видам.
Толку ќе бидам брза.
Јас знам како ќе заспиеш ти без мене.
Соновите не веруваат во затворени очи.
Соновите не веруваат.
Како ќе заспиеш ти без мене?
Ќе заспиеш.
На сите изгубени работи.
Ќе фали сонот помалку.
Не веруваат.
Во брзината на соновите
спијат загубените чекања.
Пребрзо е твоето чекање.
Пребрза е твојата замислена оска.
Ќе паднеш од неа во некоја различна брзина.
Паѓаме различно во брзината.
Во брзината
На некоја планета ќе живееме во минути
На некоја во часови
Некоја планета ќе живее во години.
Различно ќе светиме на ѕвездите.
Некоја планета ќе живее
Во секунди
Ќе молчиме
различно
ќе живееме
на ѕвездите.
мене ќе ме нема најмногу.
Во затворените врати
Се сите изгубени светлини.
Сите изгубени светлини
ќе се отворат
пред да ме снема.
Нема.
Нема.
Немаме многу зборови
за да ја раскажеме месечината.
Многу зборови,
за да го измислиме твоето паѓање.
Да го измислиме твоето.
Твоето.
Ќе биде последно меѓу планетите.
Сето последно е само лоша гравитација.
Последното е твојата гравитација.
Твојата
последна
планета
нема да се заврти.
Нема.
Нема последни планети.
Нема.
гравитации што паѓаат.
Некој астронаут ќе лебди во мојата прегратка.
Некој астронаут
во мојата прегратка
нема да се заврти.
Некое друго лебдење
ќе го земе во себе сето сонце
некое друго ќе има црни стакла
некое друго сонце
ќе лебди во твојата прегратка.
Лоша гравитација.
Лебди.
Други прегратки.
Ќе бидат лоши.
Сето последно ќе биде лошо.
Неколку метра
пред да се заборавиме
мене ќе ме нема најмногу.
Неколку метра ќе нема заборав.
Нема други лебдења.
Нема други прегратки.
Нема други.
Нема.
Нема.
Неколку метра ќе нема.
иста должина
на моето немање.
Ќе биде лошо.
Моето немање.
Твоите метра.
Другите прегратки.
Сето последно.
Нема да се заврти.
Едно лице.
Во твојата вселена.
Ќе биде.
Астронаут.
Со неколку метра прегратки.
Ќе лебди светкава прашина.
Ќе се раскажат затворените врати.
Ќе веруваш во брзината на чекањето
кога ќе ги прегрнеш сите искршени оски
мене ќе ме нема најмногу.
Во лицето на лошите гравитации
сето последно
ќе лебди
за мојата прегратка.
Јас знам како ќе заспиеш ти без мене.
Неколку метра
пред да ги завртиш соновите
едно лице
ќе остане последно
пред сите изгубени работи.
Толку ќе бидам брза.

Saturday, November 17, 2012

Човекот што ја изгуби вселената 2



Еден дел од сонцето многу ќе чека
Некои зраци ќе се соберат во моето немање.
Некоја топлина ќе висне заедно со чекањето.
Некоја друга топлина
пребрзо ќе исчезне.
Еден дел од сонцето ќе ме однесе мене.
Мене ќе ме нема најмногу.
Нема да има други зраци.
Нема други сонца.
Ни други топлини.
Нема други.
Нема.
Нема.
Нема да ме најдеш во зраците на другите сонца.
Нема да има таков ден.
Нема.
Нема.
Еден дел од денот ќе биде секогаш млад
Еден дел ќе бидеш ти
Еден дел секогаш
ќе биде.
Ти.
Некое ти пребрзо ќе се продре во некое друго мене.
Некое пладне ќе ги собере сите денови.
Некое пладне – ќе бидат деновите.
Некои други денови
пребрзо ќе остарат.
Еден дел од пладнето ќе ме однесе мене.
Еден дел од твоето ти.
Мене ќе ме нема најмногу.
Најмногу.
Нема да има други денови.
Нема друго ти.
Ни друго пладне.
Нема други.
Нема.
Нема.
Еден дел во изгревањето ќе ме изгрева мене.
Некоја комета ќе ме донесе за да те видам.
Некоја светлина ќе го ослепи моето немање.
Некоја светлина ќе бидеш ти
кога
мене ќе ме нема најмногу.
Еден дел од вселената ќе ме изгуби во неа.
Кога ќе ги најдеш сите изгубени работи
мене ќе ме нема најмногу.
Сите неважни утра ќе се претворат во некоја друга ноќ.
Сите неважни будења ќе бидат други ѕвезди.
Сите очи кои се отвориле до сега
ќе останат меѓу изгубените погледи.
Сите делови на твоето чекање
ќе станат изгубени работи.
Мене ќе ме нема најмногу.
Нема други утра.
Нема други будења.
Ни други очи.
Нема други.
Нема.
Нема.
Не се изговараат сите ѕвезди исто кога паѓаат.
Не се изговараат сите ѕвезди.
Сите ѕвезди паѓаат.
Кога паѓаат ѕвездите,
не се изговараат сите паѓања.
Кога паѓаат ѕвездите?
Сите изгубени работи се темни тела.
Некои светат во изгубеното.
Еден дел од небото ќе падне врз твоето тело.
Ќе ги држиш рацете
кога сите метеори
ќе останат
со она во кое ме нема.
Мене ќе ме нема најмногу.
Каде ќе заврши твојата вселена?
Јас знам како ќе живееш ти во неа.
Нема да живееш.
Во неа.
Толку ќе бидеш среќен.
Нема да ме најдеш во туѓите метеори.
Во туѓите метеори
толку ќе бидеш среќен.
Нема други делови.
Сето чекање ќе изгасне.
Еден дел од сонцето никогаш нема да ме има.
Некои зраци ќе се соберат во твоето чекање.
Некоја топлина ќе висне заедно со изгубеното.
Сето немање ќе го изгубиш.
Нема
Да бидеш среќен
Треба да ги изгасиш ѕвездите.
Треба да го собереш пладнето
 и да го најдеш денот во вселената.
Треба
да ги најдеш изгубените работи.
Треба.
Мене.
Најмногу.
Ќе ме нема.
Не се изговараат вселените.
После секое завршување
ќе има само половина
ѕвезди.
Месечини.
Планети.
Метеори.
Комети.
Мене.
Моето немање.
Ти.
Каде што ќе се изгубат зборовите
таму ќе се изгубам пред да те видам.
твоите чекори на месечината секогаш ќе стојат.
Моите стапки ќе се изгубат во твоето.
Се мое ќе нема,
После твоето молчење
Мене ќе ме нема најмногу.
Толку.
Ќе живееш.
Нема други половини.
Нема други делови.
Не постојат изгубени работи.
Не постојат ѕвезди што паѓаат.
Не постоиш ти без мене.
Не живее среќата во моето немање.
Нема други ноќи после вселената.
Како заврши твојата вселена?
Твојата вселена.
Ќе ја нема најмногу.
После сите изгубени работи,
еден дел од сонцето,
ќе чека.
Толку.
За среќа.
Мене ќе ме нема најмногу.

Friday, November 16, 2012

Човекот што ја изгуби вселената 1




Кога ќе ги најдеш сите изгубени работи
мене ќе ме нема најмногу.
Ќе ме наоѓаш во скитањето на твојот поглед,
во паѓањето пред првиот сон,
во сите твои сонови
ќе ме гледаш како заминувам пред првото будење.
Ќе се разбудам еден ден до тебе,
под некое старо небо,
од оние што биле наши.
Нема други месечини.
Ни други ѕвезди.
Ни други ноќи.
Нема други.
Нема.
Нема.
Нема да ме видиш во ѕвездите на другите очи.
Јас знам како ќе живееш ти без мене.
Како кога се наоѓаат изгубените работи.
Толку ќе бидеш среќен.
Кога ќе ги најдеш сите изгубени работи?
Загубените нешта се наоѓаат во засекогаш.
Засекогаш умира кај што почнува никогаш.
Јас никогаш нема да те загубам.
Толку ќе бидеш среќен.
Нема.
Нема.
Нема да бидеш.
Среќен.
Мене ќе ме нема најмногу.
Ќе ме наоѓаш по истиот пат по кој ја носиш дома својата вселена.
Во изразот на огледалото
пред првиот израз на лицето
пред првиот
израз
ќе биде секогаш мој.
Ќе бидеш секогаш пред првото мое
и пред секое твое
изгубено
нешто ќе стои.
Нешто во кое ќе ме нема.
Нема други застанувања.
Нема други изгубени тргнувања.
Нема други
кои ќе застанат
пред тебе
без мене.
Нема без мене.
Нема.
Нема.
Нема ќе биде и месечината која последна ќе остане.
Неми ќе бидат и планетите
околу кои се вртевме
Неми се вртевме.
Се вртевме.
Нема.
Нема.
Нема други вртења
кога ќе ги најдеш сите изгубени работи.
кога ќе ги најдеш сите други вртења.
Кога ќе ги најдеш сите други планети?
Ќе ги најдеш
сите
кога изгубените работи
ќе станат други планети.
Мене ќе ме нема најмногу.
Мене ќе ме нема во секое твое многу.
Мене ќе ме нема.
Многу.
Најмногу – мене.
Јас знам како ќе живееш ти без мене.
Како секое вртење на планетите.
Како пред првиот пат.
Како мене.
Толку ќе бидеш среќен.
Како пред мене,
првиот пат
кога ја однесе вселената дома.
Како секое вртење пред мене,
Како секое мене
Толку
Колку што ќе ме нема.
Толку ќе бидеш среќен.
Толку.
Ќе бидеш среќен.
Јас знам како.
Ќе живееш ти без мене.
Некоја стара месечина
од оние што биле наши
ќе се заврти за последен пат.
За последниот пат ,
по кој ја однесе вселената дома.
По кој пат ја однесе вселената дома?
По кој пат ја однесе?
Кој пат ја однесе?
Пат ја однесе.
Ја однесе.
Вселената ја однесе.
Мене ме однесе.
Вселената.
Нема други вселени.
Нема други патишта.
Нема други домови.
Нема други.
Нема.
Нема.
Нема да ме видиш по патот на другите домови.
Јас знам како ќе живееш ти без мене.
Јас знам без мене.
Како ќе живееш ти?
Мене ќе ме нема.
Не тебе.
Засекогаш ќе нема.
Ќе нема засекогаш без мене.
Ќе заврши твоето засекогаш.
Никогаш нема да ме најдеш,
кога ќе ги најдеш изгубените работи.
нема.
Секогаш ќе бидат изгубените работи.
Нема.
Секогаш да бидат изгубени работите.
Зошто ги губиш работите?
Секогаш.
Ќе заврши.
Ќе губиш.
Ќе ме сакаш.
После секоја изгорена ѕвезда.
После секоја изгазена месечина.
После секоја завртена планета.
Ќе ме сакаш.
Најмногу.
Мене ќе ме нема.
Некогаш ќе заврши.
Во некоја вселена
ќе бидеш среќен.
Толку.
Нема.
Месечини.
Ѕвезди.
Мене.
Сакаш.
Губиш.
Заврши.
Твојот поглед.
Твојот дом.
Твојата вселена.
Каде ги изгуби работите?
Како ќе ги најдеш изгубените работи?
Пред првото скитање
Пред да паднат соновите
Пред да остари небото
Мене ќе ме нема најмногу.
Толку.
Ќе бидеш среќен.
Нема други среќи.
Нема други неба.
Нема други сонови.
Нема други.
Нема.
Нема.
Нема да ме видиш во скитањето на другите облаци
Јас знам како ќе живееш ти без мене.
Мене ќе ме нема најмногу.
Толку.

Monday, November 5, 2012

Г(у)



Га га га
леб(и)
пишуваат писма
глаголи се враќаат
гукаат
во клунот собираат букви
га га га
врани
наместо крилја
летаат на запирки.